Занимливости

Неверојатни болести кои лекарите ги измислиле за да ги „смират“ жените

Лекарите, претежно машките припадници, низ историјата, на жените им дијагностицирале чудни болести кои за среќа не биле со долг век, ниту пак науката ги признала.

Ова се шесте урнебесни болести кои лекарите ги измислиле за да ги „смират“ припадничките на понежниот пол.

Велосипедско лице

Една од најсмешните болсети на кои мажите лекари ги предупредуале жените бил овој духовит назив. Имено, жените биле предупредувани дека поради чудните изрази на лицето кои обично ги правеле додека се обидувале да возат велосипед ќе станат грди. Оваа „болест“ можеби е измислена затоа што со доаѓањето на велосипедот жените станува се понезависни од мажите, бидејќи можеле самостојно да минуваат голема оддалеченост. Лекарите предупредувале дека велосипедиските ќе страдаат од низа здравствени проблеми како што се : главоболка, депресија, исцрпеност, несоница и се разбира „велосипедско лице“. Оваа теорија во целост исчезнала по неколку години на експанзијата на велосипедите, кога најголемите скептици можеле да се уверат дека ниту една жена не ја изгубила својата убавина поради велосипедот.

„Матка што шета“

Дури и таткото на модерната медицина, Хипократ, бил загрижен поради тоа што мислел дека постои „животно во животното“ кое ровари во телото на жените и наводно влијае врз нејзиното расположение и здравје. Еден од препорачаните облици на лекување на оваа „болест“ биле зачестени бремености, бидејќи се сметало дека „животното“ (матката) шета од чиста здодевност. Еден доктор дури препорачувал некој да и се извика на жената или да ја натера да плаче за нејзината матка да остане на место. До 17 век, „стручњаците“ верувале дека „матката што шета“ може да се врати на место ако низ телото на жената се прошири пријатен мирис. Со време сфатиле дека оваа болест е бесмислена, неоснована и застарена, но од друга страна токму од неа зе изродила идејата за истеријата.

Хистерија


Хистеријата, во превод значи „болест на матката“, а вклучувала бројни симптоми како : мачнина, несоница, нервоза, еротски фантазии, чувство на тежина во абдоменот, надуеност, отекување во пределот на јаниците и влажност на женскиот полов орган. Оваа болест ја лекувале лекарите или бабиците, и тоа така со масажа на вагината да ја доведат „болната жена“ до оргазам.

Неверојатен е податокот дека оваа болсет редовно ги погодувала жените од одредена класа. На белите жени кои боледувале од вид на хистерија која денес ја знаеме како пролапс на матката или болест на јајниците, се гледало како на личности кои ја доведуваат во опасност својата раса бидејќи имале проблеми со својата плодност. Една позитивна работа поврзана со хистеријата е што токму на неа може да и го препишеме настанувањето на вибраторот, апарат кој кон крајот на 19. век бил задолжителен апарат во лекарските ординации, а по некое време нашол пат во еротските филмови.

Емотивно преоптоварување


Првата лоботомија била извршена на домакинка од Канзас во 1936 година. Психијатарот кој ја препишал оваа операција, валтер Фримен наводно верувал дека „преоптовареноста од емоции предизвикува ментална болест“, а како еден можен лек видел во одрдени нерви во мозкот за да го стабилизира психичкото здравје на несреќната жена. Потоа на лоботомија завршувале жени, чии емоции требало да ги доведат во ред и рамнотежа. Британката Ејлин Дејви боледувала од постпородилна депресија по раѓањето на своето второ дете во 1946 година. Нејзиниот сопруг Сид во документрецот на „Би-би-си“ од 1976 година раскажал дека му било објаснет за процедура која не е покомплицирана од вадење на заб. По тие зборови потпишал согласност, а неговата сопруга останала неповратно „отштетена“. Фримен извршил неколку илјади операции пред да добие забрана, а според некои проценки во 1950-тите во САД се извршени околу 50.000 лоботомии. Оваа процедура се раширила и во Шведска, каде 63 отсто од сите операции им биле извршени на жени.

„Испарување“


Во времето кога бил скован овој чуден термин, се користел за опис на различни состојби од ПМС до клиничка депресија. Тој можел да биде синоним за хипохондрија, иако најчесто означувал чувство на непријатност. Испарувањата се опишувале како болсет која означувала „нервна неспособност“ при што на заболената личност и се причинувало дека пред очите и лебдат различни слиики или и се причинувале работи кои реално не постоеле. Во викторијаснкиот период па се до 1920-тите на жените се гледало како на особено послаб пол, склон кон оваа болест која се лекувала со одмор а понекогаш и со мирислива сол.

Лудост

До 1872 година во Англија и Велс повеќето класифицирани лудаци, што во тоа време бил здравствен поим, во лудниците биле жените.

– Во општеството кое жените ги сметало за детинести, ирационални и сексуално нестабилни, а воедно нема никаква правана ниту економска моќ, не било воопшто чудно што докторите експресно и службено ги прогласувале жените за лудаци – напшала Елејн Шовалтер во книгата „The Female Malady“.

А Гери Нун во „The Guardiana“ го пронашол потеклото на изразот лудило од поимот кој означува „месечен период на лудило, на кое иницијална каписла делувале месечевите мени“. Па веројатно тоа влече корени од промените на расположението кога жените имаат месечен циклус.

Подготви:Б.В.

фото:Thinkstock

 


Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button