Занимливости

5 научно докажани начини за ублажување на гладот

krompir-490x367

Гума за џвакање
Научници од Холандија извршиле интересно истражување. Поделиле луѓе кои имаат проблем со прекумерната тежина во две групи. Првата требала да џвака мастики во рок од една минута, а втората осум минути. После 30 минути, двете групи добиле оброк со пресметани калории и забележале дека луѓето од групата кои џвакале мастика осум минути, изеле 20% помалку храна од луѓето кои џвакале мастика една минута.

Јадете јаглени хидрати
Ако ги исфрлите јаглените хидрати од исхраната, научниците велат дека ќе чувствувате поголема потреба за храна. Консумирајте комплексни јаглени хидрати кои ги има во овошјето и зеленчукот. Најдобар пример за тоа е компирот, чија делотворност ги запрепасти научниците од едно британско истражување. Имено, испитаниците кои јаделе компир, се чувствувале сити цели 24 часа, а притоа не внеле повеќе од 320 калории.

Вежбајте
Покрај мислењето дека после вежбањето огладнуваме, фактите говорат поинаку. Според британските научници, трчањето ги активира неуроните кои го контролираат чувството на ситост.

Не консумирајте алкохол пред вечерата
Алкохолот го поттикнува апетитот, па затоа нареден пат кога ќе отидете во ресторан или кафана, ако не сакате да изедете повеќе од што треба, не посегувајте по алкохолот пред да ви го донесат јадењето.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button