Занимливости

Спречете задржување на течности во организмот и слабејте побрзо

Можеби звучи чудно, но недостатокот на внесување вода е главна причина за задржување на вода во телото.

voda1

Доколку се чувствувате подуено, големи се шансите да имате проблем со насобирање течности во организмот. Еве неколку совети како да го спречите тоа:

Пијте повеќе вода

Може звучи чудно, но недостатокот на вода е водечка причина за задржување на водата во телото. Ако телото не ја добие потребната количина вода, тогаш целата вода се задржува во организмот наместо да се лачи. Водата помага во одржување на сите телесни функции и ослободува токсини од телото.

Кренете ги нозете

Легнете на грб и подигнете ги нозете на наслон или перница. На тој начин ќе се ослободите од водата која се насобрала во нозете.

Избегнувајте сол

Солта поттикнува задржување на вода, затоа одберете намирници кои не содржат многу сол. Запомнете дека солта не ја внесувате само со солена храна, туку и многу други несолени намирници ја содржат во себе.

Солта во голема количина ја има и во сувомеснатите и конзервирани производи, а истражувањата покажале дека некои видови леб, но и житарици, исто така содржат прекумерна количина сол.

Зголемете го внесот на протеини

Протеините ослободуваат вишок вода од телото, затоа некои високопротеински диети даваат така брзи резултати при слабеење.

Движете се

Долготрајно седење или стоење поттикнува задржување на вода во пределот на нозете. Движете се што е можно повеќе, бидејќи на тој начин ќе ја забрзате циркулацијата и ќе му помогнете на телото да го извлече вишокот на вода.

Јадете повеќе зеленчук

Речиси сите видови зеленчук и свежи билки имаат диуретично дејство и помагаат во намалено
задржување на вода во телото. Одличен избор се зелка, краставици, магдонос и зелена салата.

Пробајте акупунктура

Истражувањата покажале дека некои личности забележуваат значајно намалување на насобраната вода во телото после акупунктура.

Јадете банани

Бананите се одличен извор на калиум кој помага да се ослободите од вишокот вода од телото.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button