Љубов и секс

СТУДЕНТКА: Со стриптиз до школарина за да стане полицајка (ВИДЕО)

После Лорен, студентката од колеџот „Дјук“, која откри дека снима порно филмови за да плаќа за скапа школарина, се појави и Чарли, 18-годишна студентка од Единбург, која своите студии ги финансира со пари од стриптиз.

Додека танцува на шипката и пред нечии подотворени усти, Чарли сонува за некој подобар живот. Таа сака да стане полицаец.

Стриптизот е само бегање од реланоста. Одам во клубот и веќе сум сосема друга личност – вели Чарли која студира спортска академија.

(Фото: dailymail.co.uk)

(Фото: dailymail.co.uk)

Во нејзината исповед, што ја објави британски „Дејли меил“, таа вели дека повеќето од нејзините „колешки“ и луѓето од нејзиното опкружување воопшто не размислуваат да го променат својот живот.

– Јас сум сосема поразлична. Местото каде живеам не е безбедно, сиромашно е, сакам да напредувам и моето семејство да биде гордо на мене. За да го постигнам тоа треба да плаќа за образование, а за да ги соберам морам да работам и како стриптизерка – вели девојката.

Чарли работи шест дена во неделата. Од една ноќ во просек заработува околу 100 фунти, а годишно за школарина издвојува 9.000 фунти. Вели дека е горда што на свои 18 години има работа. За танцувањето во клубот, пак, нагласува дека ѝ донело самодоверба.

(Фото: dailymail.co.uk)

(Фото: dailymail.co.uk)

– Кога бев во средно училиште, момчињата воопшто не ме погледнуваа. Се интересираа за другите девојки, а јас не им бев атрактивна – вели Чарли, која во тоа време имала проблеми и со вишокот килограми.

За разлика од тогаш, денес погледни од мажи постојано се упатени кон не, но и многу вулгарни коментари. Девојката сепак вели дека не ѝ сметаат коментарите што ја следат нејзината професија.

Кога излегувам од клубот, главата ми е исправена. Не ме засега што велат другите – нагласува Чарли.

Нејзиното момче Конор е загрижено за нејзината безбедност, но и ретко оди во клубот во кој таа танцува.

– Не сакам да ме гледа додека сум таму. Тоа ќе го навреди. Многу ми значи за тоа да си го дозволам – вели Чарли.

Сепак, додава дека животот на стриптизета наскоро ќе го остави зад себе.

(Фото: dailymail.co.uk)

(Фото: dailymail.co.uk)

Сакам да станам силна независна жена. Сакам да им помагам на луѓето и да ги решавам нивните проблеми – вели девојката.

Чарли не е единствена девојка со таква животна приказна. Студијата што неодамна ја објави Асоцијацијата на британските социолози, покажала дека една од три стриптизерки е студентка. Повеќето од нив работат за интернет страницата „Sponsor A Scholar“ која на машките клиенти им обезбедува „придружба“. Од ангажманот преку оваа страница, студентките годишно заработуваат и до 15.000 фунти.

Масовноста на оваа појава социолозите ја објаснуваат со тоа што стриптизот и клубовите кои нудат таква забава се сè попопуларни во модерните градови.

(Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button