Љубов и секс

Колку поголем IQ, толку поголеми проблеми во сексот

Интелигенцијата и сексуалноста тесно се поврзани. Жените со висок коефициент на интелигенција и повисоко образование се помалку успешни во кревет од тие со просечни интелектуални способности е заклучок од студија што ја претставија јужноамерикански лекари, специјалисти и научници на 16 светски конгрес за гинекологија и ендокринологија што неодамна заврши во Фиренца.

Клиничките искуства во студијата „Ниската сексуална желба и интелигенцијата“, ги обедини и ги претстави тим од лекари од Буенос Аирес, што го води д-р Адријана Виларино и д-р Фернандез Џ. Лиу.

(Фото: Profimedia)

(Фото: Profimedia)

Во изработката на студијата учествувале 165 жени на возраст од 45 до 75 години кои биле подложени на прегледи, па потоа пополнувале многу тестови. Се работи за жени во менопауза и постменопауза кои немаат гинеколошки и психолошки, како и психијатриски болести, сексуално се активни и не консумираат дроги или алкохол. Сите секако биле и на тест за интелигенција „Домино Д-48“, со кој им се одредил нивниот коефициент на интелигенција.

Споредувајќи ги резултатите, лекарите и научниците пронашле врска меѓу недостигот на уживање во сексот и нивото на интелигенцијата. Поточно, колку коефициент на интелигенција бил повисок, толку нивото на задоволството во сексуалните односи било помало.

Тоа најново истражување што стигнува од јужноамериканскиот континент, лесно може да се вклопи во многу веќе постоечки студии во Европа и Америка. Во западните земји, на пример, просечниот животен век е сè подолг и во последните 30 години на истражувања и следење на животните, здравствените и сексуалните навики, се покажало дека големо мнозинство жени ја дочекуваат зрелата и постарата возраст во доволно добро здравје, па поради тоа остануваат сексуално заинтересирани и активни. Некои од нив и до крајот на животот.

(Фото: Addictions.com)

(Фото: Addictions.com)

Познато е дека пречки во смисла на ниското либидо имаат околу седум отсто жени во САД и 17 отсто во Велика Британија – објаснува проф. д-р Дражен Постружник, специјалист по гинекологија и опстетриција, како и независен консултант кој ни се јави од Светскиот конгрес во Фиренца, каде што го слушал излагањето на колега од Буенос Аирес:

– Податоците од ова истражување во Аргентина се вклопиле во тие вредности – додава тој.

(Фото: Foter)

(Фото: Foter)

Испитана е фреквенцијата на половите односи, а тоа е еднаш од двапати на ден, степенот на сексуалната инхибиција, квалитетот или постигнувањето оргазам. Од резултатите е заклучено дека колку е повисок коефициентот на интелигенцијата на жената, толку е поголем степенот на пречки во нејзината сексуалност, оргазмот ѝ е со лош квалитет, а често и не го постигнува, ги пренесува проф. Постружник резултатите од студијата.

Тој феномен секако е резултат на многу фактори, а наодите од студијата се објаснуваат со комплексноста на размислувањата на испитаничките со повисок степен на интелигенција. Колку во нив е посилна одредена психолошка напнатост, толку концентрацијата на основните детали на половиот акт е помала, па како последица на тоа се јавуваат пречки на возбуденост и непостигнување на целосен оргазам – објаснува проф. Постружник. Со лаички зборови: интелигентните жени и во однос на сексот премногу мислат и се загрижени за сè, а премалку чувствуваат.

(Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button