Љубов и секс

Работи кои ќе ги направи за вас доколку ве сака

Познат е фактот дека мажите и жените тотално се различни, а една од главните разлики се состои во тоа што повеќето мажи љубовта ја покажуваат низ дела, а не со зборови.

ljubov-vrska-par

Оваа голема разлика на жените им создава многу проблеми, бидејќи не ја разбираат машката природа и нивниот начин на искажување љубов. Прочитајте ги следните начини на кои вљубениот маж ја покажува љубовта.

1. Не троши пари на луксузни предмети бидејќи смета дека се прескапи, но знае да подари скапоцен подарок за посебна прилика.

2. Нема да инсистира на секс ако се чувствувате исцрпено од напорниот работен ден.

3. Нема да му пречи што го користите неговиот компјутер, бидејќи нема што да крие.

4. Кога ви се менува расположените, настојува да ве утеши и расположи.

5. Мисли дека сте слатка дури и кога претерувате за некоја работа.

6. Кога оди на деловно патување, сака да ве поведе и вас.

7. Памети сè што сте му кажале.

8. Не дозволува сама да чистите по дома, секогаш е подготвен да помогне.

9. За него сте убава и без шминка.

10. Љубоморен е кога разговарате со други мажи.

11. Кога ќе се скарате, тој прв се извинува.

12. Постојано ви дава комплименти.

13. Ќе ви ја открие својата слаба точка која ни неговите другари не ја знаат.

14. Има ваша слика во мобилниот.

15. Се сеќава на вашите омилени песни и филмови.

16. Без разлика што и да се случува, тој секогаш е на вашата страна.

17. Кога некој е груб со вас, тој ќе ве одбрани.

18. Никогаш нема да ви каже дека сте се здебелиле.

19. Кога доцните, тој секогаш ве дочекува насмеан.

20.Ви дава комплименти пред пријателите.

21. Кога панично реагирате на неговиот пријателски однос со колешката, подготвен е тоа да го објасни.

22. Се труди да го одржи даденото ветување.

23. Никогаш не го заборава вашиот роденден, ниту годишнината.

24. Кога и да сте љубоморни, тој е подготвен да објасни.

25. Никогаш не бара од вас нешто што не сакате да направите.

26. Ви вели дека сте незаменлива.

27. Кога постои проблем, подготвен е за разговор.

28. Ако неговата мајка била груба кон вас, ќе се обиде да ве одбрани.

29. Ако не сакате да излезете со него, туку со пријателките, ќе има разбирање.

30. Ви дава до знаење дека вашата среќа е и негова среќа.

31. Секогаш кон вас се однесува со почит, дури и кога се расправате.

32. Кога е на пат, ќе ви се јави да праша дали сте добро.

33. Кога се случува нешто неверојатно, вие сте првата личност со која сака да ги подели добрите вести.

Според листата на healthyandbeloved.com ова се некои од показателите дека тој навистина ве сака.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button