Вода и натриум
Вкупнитете телесни течности зафакаат два компартмани: екстрацелуларен компартман, којшто го содржи волуменот на плазмата и интерстициелните течности и интрацелуларен компартман. Водата слободно ги поминува клеточните мембрани и се дистрибуира низ екстрацелуларните и интрацелуларните компартмани.
Вкупнитете телесни течности зафакаат два компартмани: екстрацелуларен компартман, којшто го содржи волуменот на плазмата и интерстициелните течности и интрацелуларен компартман. Водата слободно ги поминува клеточните мембрани и се дистрибуира низ екстрацелуларните и интрацелуларните компартмани.
Кај човек од 70 кг вкупната телесна вода опфака од 50% до 60% од вкупната телесна маса (40 1). Овие 40 I, вода се дистрибуирани така што приближно 60% се распоредени интрацелуларно (25 Б) а 40% се распоредени екстрацелуларно (15 I). Од 15 1, на екстрацелуларната течност (ЕЦТ) приближно 20% (3 Е) се дистрибуирани во плазмата.
Натриум хлоридот е примарно ограничен на екстрацелуларниот простор. Тој се задржува обично надвор од клетките со помош на мембранската №+-К+АТРаза пумпа. Натриумот е најобемниот екстрацелуларен катјон и главен одредник на волуменот на ЕЦТ. ЕЦТ и интрацелуларната течност (ИЦТ) се во осмотска рамнотежа. Иако промените во екстрацелуларниот волумен и серумската концентрација на натриумот се независни на многу начини, за хеуристички цели, корисно е да се разгледуваат како различни ентитети.
Екстрацелуларен волумен
ЕЦТ е дистрибуирана помегу интерстицијалните простори, плазмата и телесните секрети. Нејзиниот волумен, примарно е функција од вкупната количина на натриум во телото. Ако количината на натриумот што е ингестиран ја надмине количината што е екскретирана (т.е. позитивна натриумска рамнотежа),
екстрацелуларниот волумен се зголемува бидејки вишокот на натриум ја задржува водата во екстрацелуларните простори. Како резултат на тоа се зголемува гломеруларната филтрациска рата, а вишокот на натриум и вода се излачуваат преку бубрезите за да се задржи нормалниот екстрацелуларен волумен. Со други зборови, вишокот на натриум во ЕЦТ ја стимулира неговата забрзана уринарна еккреција.
Обратно, намалувањето на натриумот резултира со негово задржување од бубрезите. Ако нето рамнотежата на натриумот е негативна (т.е. излачувањето го надминува внесот), екстрацелуларниот волумен се намалува. Ако намалувањето е нагло и значително, пациентот манифестира знаци на хиповолемија: ортостатска хипотензија, суви мукозни мембрани, тахикардија во мирување, отсутно аксиларно потење, намален тургор на кожата и намален југуларен венски притисок. Овие манифестации го рефлектираат обидот на организмот да се одржи соодветен крвен притисок во пресрет на акутно намален интраваскуларен волумен. Инфузијата од изотоничен физиолошки раствор (0.9% натриум хлорид) го зголемува екстрацелуларниот волумен и обезбедува замена на волуменот кога екстрацелуларниот волумен е мал.
Серумска концентрација на натриум
Концентрацијата на натриумот примарно ја рефлектира состојбата на телото со рамнотежата на водата и претставува мерка за тоа колку натриумот е разреден од водата. Бидејки водата слободно се дистрибуира преку плазматските мембрани, концентрацијата на натиумот и концентрацијата на сите соли се намалува со зголемувањето на количината на водата, а се зголемува со нејзиното намалување. Серумската концентрација на натриумот е секако точна мерка за серумската осмолалност, па за практична употреба двете често се користат непроменети. Хиперосмоларните состојби се често хипернатремиски состојби. Важен исклучок е хипергликемијата, каде што хиперосмоларноста резултира од значително зголемената концентрација на глукоза.
Во најголемиот број на случаи, регулацијата на серумската концентрација на натриумот или серумската осмоларност се постигнува на начини кои ја прилагодуваат телесната рамнотежа на течностите. Овие механизми потекнуваат од осмотските рецептори во мозокот, коишто се стимулирани со порастот на серумската осмоларност и го поттикнуваат излачувањето на антидиуретичниот хормон (АДХ) и механизмот на жед. Излачувањето на АДХ е примарно поврзано со промените во осмоларноста, дури и кога тие се незначителни. Како и да е, тоа може исто така да биде стимулирано со значително намалување на екстрацелуларниот волумен. Рецепторите во преткоморите кои се чувствителни на промени во интраваскуларниот волумен можат да бидат важни сензори за ослободување на АДХ.
Хиповолемијата и хиперволемијата примарно ги рефлектираат проблемите на вкупниот натриум во организмот. Хипонатремијата и хипернатремијата примарно ги рефлектираат проблемите на вкупната вода во организмот. Клиничката евалуација ја користи оваа дистинкција, но овие концепти се вистините само како првична приближна вредност.