Респираторна aлкалоза
Алвеоларната хипервентилација од која било причина може акутно да го намали Расо2 од артериската крв на помалку од 36 ттН§. Пациентот типично е со светло чело и се жали на парестезии, вкочанетост и треперење особено околу устата и на прстите.
Алвеоларната хипервентилација од која било причина може акутно да го намали Расо2 од артериската крв на помалку од 36 ттН§. Пациентот типично е со светло чело и се жали на парестезии, вкочанетост и треперење особено околу устата и на прстите. Ако респираторната алкалоза станува потешка, пациентот може да изгуби свест. Хипервентилацијата е често резултат на анксиозност. Други стимули кои можат да предизвикаат алвеоларна хипервентилација вклучуваат болка, салицилати, интракранијално крвавење, треска и сепса.
Хроничната алвеоларна хипервентилација е асимптоматска, делумно поради тоа што бубрежната компензација го врака артериското рН на нормала. Стимул за хроничната хипервентилација може да дојде и од „вкочанети» бели дробови поради интерстициелна белодробна болест; хипоксемија од висок степен или цијанотична конгенитална срцева слабост; тироидна или црнодробна болест; или поради висок серумски прогестерон за време на бременоста.
Само акутната хипервентилација при анксиозност бара терапија специјално насочена кон подигување на Расо2—повторно вдишување од хартиена кеса. Ова овозможува пациентот да вдишува воздух збогатен со С02. Овој прост маневар е комбиниран со осигурување на пациентот дека симптомите произлегуваат од незначаен и реверзибилен проблем.