ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Принципи на терапија со сол и вода

ЛекарИнфо редакција6 ноември 2025
3Д илустрација на двата бубрега во телото, прикажани со нивните крвни садови (црвени артерии и сини вени) кои се поврзуваат со главните крвни садови покрај 'рбетниот столб.
Извор на сликата: CDC · Public domain

Многу пациенти кои се хоспитализираат се премногу болни за орално да ја внесуваат нивната дневна количина на течности и потребите од електролити, па според тоа имаат потреба од интравенска терапија на одржување.

 

Основните потреби може да се проценат со дозволно дневно губење на вода од околу 1000 тБ (500 тЕ преку бубрезите и уште 500 т!, како неосетливо губење преку белите дробови и кожата); губење од 20 тЕ^/ден калиум, задолжително губење преку бубрезите; како и потреба од околу 150 до 200 §/ден јаглени хидрати за да се спречи протеинскиот катаболизам. Бубрежната екскреција на натриум е флексибилна и кај најголемиот број на пациенти со нормална бубрежна функција, може да биде сведена на минимум со рестрикција на натриумот.

Овие потреби можат да бидат задоволени со соодветна комбинација на солени и гликозни раствори со додавање на калиум хлорид. Кај некои пациенти загубата на течности и електролити може да ги надминат основните потреби. На пример, незабележливата загуба се зголемува со треска и хипервентилација. Загубите придружени на повракањето или проливите може да бидат директно заменети со мерење на јонската содржина и волуменот на повракањето или проливите, или индиректно со користење на стандардни проценки.

Терапијата со течности треба секогаш да се мониторира. Внесот и изнесот може да се квантифицираат со правење на дневни мерења на телесната тежина. Ова е особено критично кај пациентите со бубрежна инсуфициенција. Пациентите кои мируваат во кревет губат околу 0.3 к§/ден од телесната маса, а ваквите големи загуби може да претставуваат неадекватно надоместување на течности или интензивен катаболизам.

Слични текстови

Назад кон категоријата: Болести на бубрезите