Болести на бубрезите

Мешани ацидо-базни нарушувања

Многу пациенти имаат еве или три ацидо-базни нарушувања. Честа комбинација е респираторната ацидоза и метаболната алкалоза, кои се присутни на пример, кај пациенти со хронична опструктвивна белодробна болест што продуцира респираторна ацидоза, и конгестивна срцева слабост третирана со рестрикција на соли и енергична диуреза, која продуцира метаболна алкалоза со намалувањето на волуменот и калиумот.

Резултирачкиот рН може да биде висок, ако алкалозата предоминира; низок, ако предоминира ацидозата; или нормален, ако двете нарушувања се исклучуваат едно со друго. Во сите такви случаи, Расо2 и концентрацијата на бикарбонатите се високи.

Која било комбинација на ацидо-базни нарушувања е можна, со исклучок на комбинираната респираторна алкалоза и респираторната ацидоза; пациентот не може да хиповентилира и хипервентилира истовремено. Пациентот со дијареја и повракање може да има коегзистирачка метаболна ацидоза од дијарејата (т.е., загубата на бикарбонати) и метаболна алкалоза од повракањето (т.е., загубата на хлороводородната киселина). Резултирачкиот рН може да биде нормален, висок или низок. Слично на тоа, пациент со сепса и треска може да хипервентилира, продуцирајки со тоа респираторна алкалоза, а од друга страна да дехидрира, продуцирајки метаболна алкалда! Тогаш рН може да биде екстремно зголемен, со придонес на 6елите дробови и бубрезите за ацидобазниот дисбаланс.

Постоењето на мешани ацидо-базни нарушувања ја комплицира интерпретацијата на отстапувањата на рН, Расо2, како и НС03». На пример, кај пациент со ацидоза и ниска концентрација на бикарбонати (т.е., метаболна ацидоза), нискиот Расо2 може да ја претставува белодробната компензација за примарното нарушување или секундарно основно нарушување, односно респираторна алкалоза. Двете можности може да се класифицираат со употреба на формули кои го пресметуваат степенот на предвидената компензација за кое било примарно нарушување. Слични формули се достапни за пресметување на компензаторните промении за секое примарно ацидобазно нарушување.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button