Болести на бубрезите

Хиперкалиемија

Значителна хиперкалиемија (т.е. концентрација на калиум > 6.5 тЕд/1) може да предизвика вентрикуларна фибрилација и срцев арест. Прогресијата на хиперкалиемијата е евидентна на електрокардиограмот (ЕКС), но ЕКГ промените не се постојани ниту специфични.

Значителна хиперкалиемија (т.е. концентрација на калиум > 6.5 тЕд/1) може да предизвика вентрикуларна фибрилација и срцев арест. Прогресијата на хиперкалиемијата е евидентна на електрокардиограмот (ЕКС), но ЕКГ промените не се постојани ниту специфични.

Иницијално, Т бранот станува висок и добива врв. Понатаму, РК интервалот станува продолжен, а Р бранот се смалува. Евентуално, СЖ8 комплексот може да се прошири, Р бранот исчезнува, а С^КЗ комплексот и Т бранот се соединуваат и формираат синус бран. Овие ЕКГ промени навестуваат кардијален арест.
Причините за хиперкалиемијата се неадекватната бубрежна екскреција на калиумот и движењето на калиумот надвор од клетките.

Неадекватната бубрежна екскреција на калиум има неколку причини: 

1. Бубрежна инсуфициенција, особено придружена со низок уринарен проток.
2. Отсуство на алдостерон поради хипоренински хипоалдостеронизам, кој најчесто е присутен кај пациенти со дијабетес, хронична бубрежна инсуфициенција и адренална инсуфициенција.
3. Лекови кои ја намалуваат екскрецијата на калиум:
калим-задржувачки диуретици, ангиотензинконвертирачки инхибитори, циклоспорин и нестероидни антиинфламаторни лекови.

Кај пациентите со анурична бубрежна инсуфициенција, концентрацијата на калиумот се зголемува за околу 0.5 тЕ^/17ден. Кај било кој пациент со компромитирана бубрежна функција, администрирањето на поголема количина на калиум може да предизвика јатрогена хиперкалиемија.
Акутната хиперкалиемија може да резултира од масивна клеточна смрт. Изворот на калиум во овие случаи обично се мускулите. Калиумот се ослободува од некротизираните мускули по масивни травматски повреди или по акутни артериски емболии. Поретко, црвените крвни клетки се извор на калиум, како резултат на хемолиза или внатрешни крвавења. Смртта на брзо растечките туморски клетки, кај леукемиите и лимфомите, како резултат на хемотерапијата, може да предизвика хиперкалиемија. Кај пациентите со тромбоцитоза или леукемична леукоза, видливата хиперкалиемија може да биде артефакт на лизата на клетките во примерокот на крв.

Терапијата на хиперкалиемијата мора да биде прилагодена на тежината на електролитниот дисбаланс. Во најтешките случаи, кога концентрацијата на калиумот е поголема од 8 тЕд/1, или кога постојат ЕКГ промени во 0К8 комплексот или Р бранот, токсичноста за срцето мора да биде спречена со инфузија на калциум глуконат. Терапевтскиот ефект треба да биде моментален. Вишокот на калиум тогаш мора да биде придвижен назад кон клетките преку алкалинизација со помош на натриум бикарбонат. Инсулинот, исто така, се дава за да го олесни движењето на калиумот во клетките. Ефектите врз концентрацијата на калиумот треба да бидат забележливи за помалку од 1 час. Гликозата се дава со инсулинот за да се превенира хипогликемијата.
Откако калиумот ке биде внесен во клетките, неговата екскреција преку бубрезите треба да се зголеми. Зголемениот уринарен проток и екскреција на натриумот стимулирани со диуретици ја зголемуваат екскрецијата на калиумот.

Смолите што го врзуваат калиумот (пр. натриум полистирен сулфонат можат да се даваат орално или ректално за да го отстранат калиумот од организмот. Овие смоли го заменуваат натриумот за калиум; заради тоа, тие можат да предизвикаат волуменско преоптоварување со обезбедување на голема количина на натриум. Поради фактот што смолите предизвикуваат констипација, истовремено се дава нереапсорбирачки раствор, сорбитол, за да се предизвика дијареа. На смолите им се потребни неколку часа за да се постигне максималниот ефект врз концентрацијата на калиумот. Смолите треба да се користат поретко и само како привремена мерка.

Ако бубрежната функција е оштетена, или се работи за масовно клеточно изумирање, бубрезите може да не бидат во состојба да го екскретираат вишокот на калиум доволно брзо за да спречат да се развијат срцеви компликации. Во таквите ситуации дијализата може да стане неизбежна.

Во помалку акутните случаи, со нешто пониски нивоа на калиум, доволна е употребата само на диуретици. Во најголемиот број на случаи на умерена хиперкалиемија, особено кога нивоата на калиум се под 6.5 тЕ^/Б, не е потребна итна терапевтска интервенција, а прво може да се третира основната причина.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button