ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали е безбедно долготрајно земање на аспирин во доза од 100 мг поради венска инсуфициенција?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Аспирин е лек кој секојдневно се користи во медицинската практика, најчесто како превентивна терапија. Доза од 100 мг не е голема доза, а може да се земе и Aspirin protect, чија површина е обложена со специјална обвивка која го штити дигестивниот тракт од ерозивното дејство на лекот. Како и секој лек, и аспиринот има свои несакани дејства, од кои најопасно е крварењето. Затоа при препишување на овој лек е потребен опрез, особено кај постари пациенти и кај лица кои имале крварења во дигестивниот тракт (желудник, дванаесетпалачно црево, хемороиди...). Советувам лекот да се зема според препорака на вашиот лекар. Доколку досега не сте боледувале од сериозни болести, а во вашето семејство нема историја на крварење (мозочен удар, крварење од дигестивниот тракт), нема причина за загриженост.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Васкуларна хирургија