ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто се јавува чувство на пиштење во левото уво?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Причините кои доведуваат до чувство на пиштење или зујање во ушите се бројни: оштетување на слушниот нерв, лоша циркулација, варирање на притисокот, проблеми со виличниот зглоб или вратниот дел на 'рбетот итн. Бидејќи станува збор за еднострано зујање, се препорачува да се направи Доплер на крвните садови на вратот и неуролошки преглед, а со неврологот да се разговара дали е потребно да се направи магнетна резонанца на глава (заради увид во левата темпорална коска, односно внатрешниот слушен канал).

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Уво, нос и грло