ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што се препорачува кај чести упали на синусите, освен антибиотици?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Поголемиот дел од упалите на синусите се вирусни и не бараат употреба на антибиотици. Бидејќи најголемата злоупотреба на антибиотици во светот е токму кај упалите на синусите, препорачливо е да се почека околу 5 дена пред да се побара лекарска помош. Во тој период можат да се користат капки за нос (најмногу до 5 дена), препарат со деконгестивно дејство и мукуолитик. Денес во аптеките постојат и хомеопатски лекови за хронични и алергиски синузитиси, кои се доста ефикасни ако се земаат доволно долго. Во зимскиот период како превенција помагаат капа, шал, топли чаеви и супи. Кај чести упали на синусите се препорачува почесто да се прави брис на нос и грло, а доколку тегобите се придружени со покачена температура, потребно е да се направи и крвна слика и Ц-реактивен протеин (ЦРП).

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Уво, нос и грло