ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што може да предизвика проблеми со усната шуплина и јазикот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Бактериските инфекции на јазикот се исклучително ретки, додека габичните инфекции се многу чести. Габичките тешко се изолираат, па фактот што не се пронајдени во брисот не значи веднаш дека ги нема. Советуваме да се користи некој препарат од прополис во форма на капки или спреј (без шеќер), со директно нанесување на јазикот. Треба да се избегнува лута, кисела и зачинета храна, како и поголеми количини млеко, млечни производи и слатки. Советливо е да се смени пастата за заби и да се користи некоја поблага, која не е „лута“. Треба да се избегнуваат ментол бонбони и џвакачки гуми, а да се внесува доволно течности. Потребно е редовно да се посетува забар и да се отстранува каменецот од забите. Доколку постои проблем со желудникот и хранопроводот, во смисла на горушица и киселина, неопходно е да се побара совет од лекар заради воведување терапија и евентуално понатамошно испитување.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Уво, нос и грло