ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Од која возраст може да се оперира третиот крајник (аденоидите)?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Третиот крајник може да се оперира почнувајќи од првата година од животот. Зголемениот трет крајник претставува механичка пречка за нормално дишење. Децата со ваков проблем со текот на времето почнуваат слабо да јадат и слабо да напредуваат, стануваат бледи, имаат подочници и држат отворена уста. Состојбата може да се манифестира и со ‘рчење. Кога тргнуваат во колектив, овие деца можат да имаат чести воспаленија на средното уво и проблеми со слухот. Иако говорот кај нив се развива нормално, може да се јави назален призвук во гласот односно ‘унѕкав’ говор.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Уво, нос и грло