ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Какви се разликите кај вртоглавица предизвикана од БПВВ, тинитус и сомнеж за Мениерова болест?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
1. БПВВ не бара медикаментозно лекување, туку избегување на движења кои предизвикуваат вртоглавица, како и изведување маневри и вежби за вестибуларниот систем (можат да се најдат на интернет). Никогаш не е проследено со тинитус, ниту со оштетување на слухот, и претставува безопасна состојба. Нападите на вртоглавица траат многу кратко и се поврзани со промена на положбата или движење на главата или телото. 2. Мениеровата болест е проследена со посилни и подолготрајни вртоглавици, со едностран пад на слухот кој се влошува со секој следен напад на вртоглавица, а понекогаш се присутни и мачнина и повраќање. Бара симптоматска медикаментозна терапија и промена на режимот на живот и исхрана. Не може да се спречи Мениеровата болест, ниту да се испита микроциркулацијата во внатрешното уво. 3. Невронитис на вестибуларниот нерв (еднострано испаѓање на функцијата на вестибуларниот апарат) е проследен со силни вртоглавици, мачнина и повраќање, и може да трае (со постепено намалување) и по 2-3 недели. Може да биде проследен со тинитус, без пад на слухот, и бара медикаментозно лекување во акутната фаза. Добро е да се направи снимка на глава со цел да се исклучи бенигна туморска промена во внатрешниот ушен канал на слепоочната коска. Исто така, треба да се обрне внимание на состојбата на вратната'кичма, преку преглед кај физијатар.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Уво, нос и грло