ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што е Streptococcus agalactiae и како се лекува?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Streptococcus agalactiae е опортунистичка бактерија од групата бета-хемолитички стрептококи кои населуваат дигестивен тракт, а често се наоѓаат и во орофаринксот, поради што најчесто се пренесуваат преку орален контакт. Кај имунодефицитни лица често предизвикува уринарно-генитални инфекции. Се лекува со антибиотици од групата на пеницилини, при што истовремено се лекуваат двајцата партнери. Додека трае лекувањето, се препорачува заштитен полов однос. Една недела по завршеното лекување се препорачува контролен брис кај двајцата партнери. Се препорачува и преглед кај имунолог.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Урологија