ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто бебето се буди рано наутро?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Во оваа возраст бебето веќе не треба да има ноќен оброк. Со зголемувањето на возраста сè потешко е да се укине ноќниот оброк, па е потребно да бидете упорни. Секој пат кога бебето се разбудува ноќе, понудете му вода или чај. Ако продолжи да плаче, земете го в раце и приспијте го. Што се однесува до спиењето, во оваа возраст бебињата спијат 14-15 часа дневно. Нормално е ритамот на спиење да се менува, односно бебето да почне да се буди порано. Никнењето на забчиња може да влијае на спиењето само ако болката е поизразена, а тоа обично трае 2-3 дена додека забот не никне.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија