ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зголемена телесна температура и ретка столица кај дете - што да се направи?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Во тек е сезона на вируси, особено стомачни вируси кои предизвикуваат покачена телесна температура, гадење, повраќање или пролив. Терапијата е симптоматска и вклучува пробиотици, антипиретици за намалување на температурата, и она што е многу важно - надокнада на течности преку зголемен внес на течности преку уста. Најдобро е да се користат раствори за орална рехидратација кои ги надокнадуваат изгубените течности и електролити. Стомачниот вирус може да биде многу упорен, а симптомите можат да траат и до 7 дена. Исто така, многу е важно детето целосно да се опорави пред да се врати во колектив, бидејќи дете со ослабен имунитет е подложно на други инфекции, па лесно можат да се надоврзат инфекција по инфекција кои можат да траат со недели.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија