ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што да се прави при затвор кај бебе на пет месеци по воведување немлечна храна?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Појавата на цврста столица или болни грчеви е честа кај доенчиња кои преминуваат од една храна на друга. Некои од советите се да се замени оризовата каша со овесна или јачмена каша, како и дневно да се понуди една доза (околу 60 ml) свежо исцеден сок од овошје (портокал, круша), бидејќи тие се природни лаксативи. Секако, при воведување на секоја нова намирница почекајте 3-5 дена. Доколку вашето дете и покрај овие промени тешко дефекира, можете да пробате со глицеринови супозитории (на пр. EvaQu, Mikrolax), но тие не се долгорочно решение, па во тој случај е потребно да консултирате педијатар.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија