ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кога треба да се повтори крвната слика на бебе поради модринки околу коленото?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Доколку детето има чести модринки кои се јавуваат и при најслаби допири или удари, крвната слика може да се повтори по околу две недели. Не би требало да се работи за лоша крвна слика или ниски тромбоцити, бидејќи тоа е вообичаено кај деца додека учат да одат. Сепак, доколку се појават и други симптоми, како спонтано крварење од нос или крварење кое трае долго и тешко се запира по некоја повреда, тоа може да укажува на одредени нарушувања во согрувањето на крвта. Не треба да се брза, но доколку се појави некој од наведените симптоми, треба веднаш да се јавите на педијатар.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија