ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква е уринокултурата кај деветгодишно дете?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Уринокултурата, доколку не е изолирана вредност на бактерија над 100.000, не се смета за значајна. Доколку се најдени вредности под 5.000, тогаш се работи само за контаминација од надворешната средина или од некои бактерии од површината на кожата, но самиот тој наод не е причина за загриженост. Треба да се внимава дали детето нема покачена телесна температура, дали досега не е имало уринарна инфекција, дали урината му е замаглена и дали наодот на урина се совпаѓа со наодот на уринокултурата. Анализа на урина не треба да се прави без уринокултура, бидејќи често наодите можат да се разликуваат, што секогаш е показател за некаква контаминација од надворешната средина. Советот е да се повтори анализата на урина (со седимент на урина) и уринокултурата, по претходно измивање на гениталната регија, како и да се направи брис на препуциумот.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија