ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се справам со немирното однесување на детето?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Дете на таа возраст не сфаќа опасност, љубопитно е и често немирно. Тешко е, но вашата задача во овој период е да истрпите и да се организирате така што детето секогаш ќе биде во безбеден простор. Не го изведувајте на места каде што е опасно, туку во заграден простор каде можете да го надгледувате и контролирате. Уредете и просторот во кој живеете да биде безбеден за детското движење. Стрпливо повторувајте му на детето што му е дозволено, а што не, поставувајте граници во однесувањето. Наградувајте добро однесување. Лошото однесување спречувајте го - казна може да биде одземање на некое ситно задоволство, така што детето ќе разбере. Не е лесно. Побарајте помош од домашните, пријателите, а и стручна помош од психолог. Водете грижа и за себе, за да имате сила.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија