ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се реши проблемот со спиењето кај детето?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Многу е можно детето во таа возраст да сака да го издржи своето и да ги тестира границите, одбивајќи да заспие. Некои совети како да му го направите одењето во кревет пријатно се: пократок попладневен сон, избегнување тешки оброци и енергични игри најмалку два часа пред спиењето, отстранување на сè што може да го возбуди пред спиење – телефони и телевизори, гласна музика, бучава, силна светлина. Обидете се со топли бањи непосредно пред спиење, приспивни песни и слаба, топла светлина во спалната соба. Мислам дека нема потреба веднаш да одите на психолог; ако не успеете да го решите проблемот, прво посоветувајте се со педијатар.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија