ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се одвикне детето од пелени?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
На детето му треба време да разбере дека треба да оди на тоалетна шолја (кахлица), а потоа да научи да го препознае осетот кога треба да мокри или да се исфека - нешто што со пелени се случувало автоматски, без размислување и без чекање бешиката да се наполни. Сега детето усвојува нова вештина - да се обиде да стигне до кахлицата кога ќе почувствува потреба. Сосема е нормално во почетокот да биде несигурно и невешто. Најлесен начин е да се симне пелената во период на топло време, да му се покаже на детето дека треба да оди на кахлица, и стрпливо и внимателно да се враќа кон неа во првите дена. По неколку дена ќе биде поуспешно - на почетокот ќе трча до кахлицата за мали количини урина, а потоа полека ќе научи да чека бешиката да се наполни пред да седне. Пофалете го детето кога успешно се обиде, а при неуспех не го казнувајте, туку стрпливо објаснувајте и охрабрувајте го за следниот пат. Најчесто децата за неколку дена ја усвојуваат оваа вештина.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија