ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се одвикне детето од пелени?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Симнете ги пелените и покажете му на детето каде треба да мокри и да врши голема нужда. Во почетокот ќе греши - нема веднаш да знае да ја задржи мочката бидејќи додека носело пелена постојано мокрело по малку. Затоа е потребно време и трпение детето да научи да ја задржи мочката и да оди на неопходниот сад кога ќе му се наполни бешиката. На детето му требаат неколку дена или недели за да го научи тоа. Бидејќи сега е топло време, можете да му ги симнете пелените и трпеливо да му објаснувате каде треба да мокри и да врши голема нужда. Поставувајте го почесто на садот. Наградете го кога успешно ќе изврши нужда со нешто што детето го сака, а не го грдете кога ќе згреши. Со малку труд и трпение сигурно ќе успее.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија