ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да го научам детето да се одвикне од пелени?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Можно е детето сè уште да не е спремно да користи ноќно гардениче (тоалет) или да има отпор кон преминувањето во таа фаза. Потребно е најпрво трпение. Објаснете му на детето дека треба да седне на тоалетот, понудете му да седне веднаш по спиењето, бидејќи тогаш обично има потреба да мокри. Кога е топло време, можете да му ја симнете пелената и трпеливо да му објаснувате дека треба да пишка и какее во тоалетот, стававајќи го на него кога претпоставувате дека би можело да има потреба. Секое дете ќе биде несмасно на почетокот, треба време да научи и да формира нови рефлекси. Ако детето упорно одбива да седи на тоалетот, не инсистирајте. Почекајте некој подоцнежен момент - можно е сега да не е сè уште вистинскиот момент за тоа. Во тој случај, вратете му ја пелената и побарајте детален совет од педијатарот кај кого редовно одите и кој го познава Вашето дете. Постојат и разни книги наменети за родители кои можат да помогнат, но разговорот со педијатар е прв чекор кој ќе му помогне на родителот. Нема причина за загриженост - околу третата година повеќето деца научат да користат тоалет.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија