ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дијареа и грчеви кај дете - што да се направи?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Инфекциите на гастроинтестиналниот тракт кај децата најчесто се со вирусно потекло и можат да траат до 7 дена. Бидејќи за вирусните инфекции не се даваат антимикробни лекови, најважно е симптоматско лекување. Тоа пред сè опфаќа надополнување на изгубената течност, за да не дојде до дехидрација на детето. Покрај обична вода, детето може да добива и орален раствор за рехидрација, кој се дава на секои 5-10 минути по кашичка. За грчевите и болките може да се даде некој пробиотски препарат кој влијае на нормализирање на цревната флора. Исто така, може да се направи и лабораториски преглед на столица. Доколку болките продолжат, треба да се посети детски хирург, за да се исклучи можно акутно хирушко заболување.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија