ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дете од 3 години има температура - што да се прави?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Многу е важно да се знае колку висока е температурата, како и колку долго трае. Тоа е клучен фактор за посета на лекар и за основни анализи - комплетна крвна слика и ЦРП. Доколку детето е во лоша општа состојба, одбива да јаде, или има тешкотии со дишењето, неопходно е веднаш да се посети лекар. Во спротивно, почекајте еден ден и одете кај избраниот педијатар. Секако, секоја покачена температура во оваа возраст треба да се намалува со парацетамол во соодветна доза. Што се однесува на инхалациите, во никој случај не правете ги дома додека педијатар, односно педијатар-пулмолог не спроведе таков вид терапија.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија