ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали постои поврзаност меѓу мононуклеоза и импетиго?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Мононуклеозата предизвикува вирус, а импетиго предизвикува бактерија, така што меѓу нив нема никаква поврзаност. Импетиго најчесто се јавува кај деца, особено во летниот период, и обично на местата каде што кожата е оштетена или повредена. Се пренесува од човек на човек преку директен контакт со кожата или преку контакт со заразени предмети (на пример играчки). Затоа е важно да се одржува лична хигиена и да се избегнува контакт со други лица, бидејќи импетиго е многу заразен.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија