ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали е нормално температурата кај дете со ротавирус да достигне до 41°C и покрај антипиретици?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кога температурата кај детето е толку висока, се препорачува наизменично давање сируп на база на ибупрофен и чепиче на база на парацетамол, на секои 4 часа. По давањето на лекот, детето може да се истушира со млака вода или да се направат фрикции со раствор од половина алкохол и половина вода. За орална рехидратација, која треба да го спречи повраќањето, потребно е да се дава раствор на електролити за надокнада на изгубената течност, шеќер и соли – првиот час по гутка-две, а потоа и поголеми количини. Исто така, треба да му се нуди повеќе течност (вода, чај, сок од јаболко). За регулирање на столицата може да се даде пробиотик и цревен антисептик. Доколку повраќањето не престане во наредните 24 часа, потребно е дополнителен преглед кај педијатар.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија