ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Бебе на 4 месеци и 2 недели многу малку гуга - дали е тоа нормално?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Во оваа возраст сè уште станува збор за мало доенче, па не треба претерано да се загрижувате. Сепак, за секој случај, следете ја состојбата уште извесно време и потоа јавете се на педијатар кој детално ќе го прегледа детето и ќе ја согледа целокупната состојба. Некои од првите работи што треба да ги совлада бебето во текот на првата година се да го следи со поглед она што се случува околу него и да реагира на дразби, потоа да стисне тупаница околу прст, а околу четвртиот месец веќе треба да биде способно самостојно да ја држи главата кога е во седечка положба. Секако, препорачливо е педијатар да го прегледа детето и да направи невролошки преглед.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Педијатрија