ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што да направам ако имам мала болка во лактот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Стегачите за зглобови се користат во тек на физичка активност, но само ако ги препорача физијатар или ортопед, односно доколку постои ризик од оштетување. Динамичките ортози исто така се носат за време на активност. Но, повторно нагласувам, тоа треба да биде по препорака на лекар. Инаку, доколку имате некој проблем со лактот (болка, ограниченост на движењата и слично), треба да се јавите на преглед кај специјалист физијатар. Доколку е потребно, ќе ви биде ординирана физикална терапија, која вклучува и соодветна кинезитерапија, односно вежби за одредена регија, при што не се оптоварува зглобот со придружните тетиви и лигаменти.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Ортопедија