ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кога можам да почнам да тренирам фудбал по спортска повреда на коленото со истегнат лигамент и оштетен менискус?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
За да ортопедот може да се произнесе за степенот на тежината на повредата, начинот на лекување и брзината на опоравувањето, неопходно е да се направи и погледне снимка од магнетна резонанца (МРИ) на коленото. Можно е да биде потребна артроскопска операција (минимално инвазивна ортопедско-хируршка интервенција), при што, доколку е потребно, се врши реконструкција на предниот вкрстен лигамент на коленото. Доколку оваа интервенција е неопходна, по неа треба да се спроведе физикална терапија. Опоравувањето обично е брзо, како и враќањето кон вообичаените активности, додека враќањето кон професионално бавење со спорт може да се очекува по 4 до 6 месеци. Препораката за конкретниот начин на лекување треба да ја даде ортопед по преглед на снимката.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Ортопедија