ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Зошто по јадење се јавуваат мачнина, слабост, низок притисок, умор и проблеми со рамнотежата?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
По оброк доаѓа до прераспределба на крвта во организмот. Значителен дел од крвта се насочува кон стомачната регија, каде е потребна за процесот на ресорпција и варење на храната. Во таа ситуација другите делови на телото добиваат помалку крв, но мозокот и структурите на главата имаат приоритет во снабдувањето, па доколку сè е во ред со протокот на крв до мозокот, не би требало да има никакви тегоби по оброк кои би асоцирале на проблеми од нервниот систем. Меѓутоа, доколку постои проблем со протокот на крв кон мозокот, тогаш во такви ситуации можат да се јават одредени тегоби, при што други причини можат да бидат и некои метаболички проблеми, како варијации во нивото на шеќер во крвта. Вртоглавицата по оброк може да биде симптом на неколку нарушувања, како хипогликемија, гастроптоза (спуштен, млитав желудник), постпрандијална хипертензија или хипотензија, враќање на киселина од желудникот во хранопроводот (ГЕРБ) со надразнување на вагусниот нерв, итн. Советувам да се направат ЕКГ и рентген на гастродуоденум. Постојат лекови кои можат да помогнат при слични тегоби, кои дејствуваат против вртоглавица, нервоза, гастритис и чиреви, но не смеат да се земаат долго и без контрола на лекар, бидејки предизвикуваат зависност. Бледило, малаксалост, вртоглавица и слабост се симптоми на хипогликемија (снижено ниво на гликоза во крвта), поради поголемо лучење на инсулин од панкреасот. Постпрандијалната хипотензија, односно падот на притисокот по јадење, се јавува кај одреден број луѓе веднаш по оброк. Почеста е кај постари лица, кај лица со инаку зголемен крвен притисок и кај оние со одредени нарушувања на автономниот нервен систем. Лицата со ваква состојба не треба да земаат антихипертензивни лекови пред и по јадење, и препорачливо е да легнат по оброк. Земањето на одредени лекови пред јадење може да помогне. Совет е прво да се консултирате со надлежен лекар. Задолжително закажете преглед кај интернист и гастроентеролог, а поради вртоглавиците препорачувам и невролошки преглед, како и преглед кај ОРЛ специјалист. Повторете анализа на крв и биохемиски анализи.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина