ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

За што се користи Fortrans?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Fortrans се користи како средство за чистење на дебелото црево (лаваж на колон) при подготовка на пациенти за операција на дебелото црево, како и при подготовка за дијагностички процедури кои вклучуваат преглед на ректума (радиолошки преглед и ендоскопија). Има изразито силно дејство и не се препорачува како стандардна терапија за запек. За запек секогаш прво се советува промена на исхраната, потоа зголемување на физичката активност, испитување на можни метаболички или ендокринолошки нарушувања кои можат да предизвикаат запек, а потоа примена на лекови од групата на бисакодил или лактулоза. Fortrans не се користи во терапија на запек.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина