ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи зголемен TSH и упат за понатамошни прегледи на штитната жлезда?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Врз основа на наведените резултати, се гледа дека штитната жлезда покажува знаци на намалена функција (хипофункција), бидејќи TSH е покачен, а fT4 е снижен, односно близу долната граница. Потребно е да се направат понатамошни анализи со цел да се открие причината за намалената функција на жлездата, односно дали се работи за автоимуна болест на жлездата (тоа е најверојатната опција). Се препорачува да се направат анализите anti-TPO и TgAt, кои ќе покажат кој тип на автоимуни процес е во прашање, како и ултразвук на штитната жлезда. По направените анализи и прегледи, ќе може да се каже нешто поконкретно - дали се работи за Хашимото или за нешто друго - како и да се процени степенот на сериозност и дали е потребна терапија за надополнување на хормоните.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина