ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи зголемен LDL холестерол и покачен шеќер во крвта во лабораториските анализи?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Лабораториската анализа покажува зголемување на холестеролот, конкретно на LDL холестеролот, познат како „лош“ холестерол. Многу висок ниво на LDL холестерол претставува висок ризик за појава на срцеви заболувања (>4,9 mmol/l). Исто така, вредностите на шеќерот во крвта се покачени. За да се влијае на намалувањето на LDL холестеролот, голема пажност треба да се посвети на правилната исхрана. Внесувајте повеќе мешунки како што се пасул и соја (сојниот протеин значително го намалува LDL, а се наоѓа во зрното на сојата, сојините снегулки и сојиното млеко). Користете бел лук и во исхраната користете маслиново масло. Орвите и бадемите се богати со мононезаситени масти кои го намалуваат LDL холестеролот (внесувајте по неколку ора дневно, бидејќи се богати со калории, па не треба да се претерува за да не дојде до зголемување на телесната тежина). Овошјето и зеленчукот богати со витамин Ц исто така го намалуваат нивото на холестерол (лимон, киви, јагоди, пиперка, домат). Консумирајте грејпфрут бидејќи тој ги намалува и масните наслаги на ѕидовите на артериите. Овесните трици и снегулки, како и зелениот чај, исто така се препорачуваат во исхраната. Намирници кои треба да се избегнуваат се полномасно сирење, говедско и свинско месо, како и џигерица. Секако, диетата треба да биде проследена со физичка активност и престанок на консумирање тутун доколку сте пушач. Што се однесува до медикаментозната терапија, советувам да се обратите кај вашиот матичен лекар, кој ќе ви пропише соодветен лек доколку е потребно.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина