Што значи покачен ревма фактор?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Генерално, покачен ревма фактор се јавува кај деца кои потенцијално можат да боледуваат од одредени автоимуни болести, како реуматоидниот артритис.
Абнормални антитела може да се најдат во крвта на луѓе со реума, преку едноставно испитување на крв. Ревма факторот е антитело кое се наоѓа кај околу 80% од луѓето со реуматоиден артритис. Ревматоидниот фактор се открива со едноставен тест на крв. Пациенти за кои се смета дека имаат реума, а немаат позитивен ревма фактор, се смета дека имаат „серонегативен реуматоиден артритис“. Цитрулин антителата се исто така присутни кај 50–75% од луѓето со реуматоиден артритис. Тоа е корисно во дијагностицирањето на реуматоиден артритис кога се проценуваат случаи на необјаснето воспаление на зглобовите.
Треба да се напомене дека кај некои деца, дури и кај возрасни, ревма факторот не е покачен, а сепак имаат реуматоиден артритис.
Без увид во клиничката слика на детето, како и во евентуалните други лабораториски анализи, интерпретацијата на резултатите е отежната, поради што се препорачува консултација со надлежниот педијатар за да се испита причината за покачениот ревма фактор.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Поединечни сврбежни издигнувања на кожата слични на убод од комарец - што може да биде причина?
- Зошто е висок витаминот Б12 иако сите други резултати се добри?
- Благ грлобол и зголемени лимфни јазли на вратот веќе 10 дена - што може да биде причина?
- Грчеви во листовите и потење при намален натриум и калциум - што значи тоа?
- Зголемен број еритроцити во крвната анализа - што може да значи?
- Како природно да се намалат бубулки на лицето кај дете?