ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значи хемолиза на серумот и зошто се јавува?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Приликом земање на крв, сè додека серумот или плазмата не се одвојат при центрифугирање, потребно е да се внимава да не дојде до хемолиза, односно до пукање на еритроцитите и излевање на нивната содржина во серумот/плазмата. Ова може да се случи случајно — доколку се користи несоодветна игла, доколку крвта се меша премногу силно со антикоагуланс во епруветата во која е земен примерокот, или доколку центрифугата не работи со соодветна брзина. Сама по себе, хемолизата на серумот не мора да значи присуство на некоја болест, но тоа зависи од вредностите во крвната слика или од други параметри кои можат да бидат покачени во биохемиските анализи, како на пример покачени вредности на билирубин, бидејќи билирубинот е всушност продукт на разградба на еритроцитите.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина