ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што значат хипотонија и вентрикуломегалија кај бебе?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
На бебето му е потребен мултидисциплинарен пристап, односно преглед и мислење од невролог, неврохирург, физијатар, офталмолог и оториноларинголог, за да се утврди точната причина за настанувањето на вентрикуломегалијата и да се одреди начинот на лекување. Причините за проширување на мозочните комори се разновидни. Чести се кај предвремено родени деца, особено ако имаат доживеано некаква траума при породувањето, кај инфекции во текот на бременоста и подоцна во бебешкиот период, потоа кај вродени анатомски аномалии на мозокот, во склоп на некои наследни болести и слично. Знаците кои се опишани често се јавуваат во склоп на ова заболување, бидејќи такви деца најчесто имаат абнормално зголемување на главата, лоша координација на движењата, раздразливост, проблеми со вниманието, нестабилност и слично. Во секој случај, важно е со лекувањето да се почне што поскоро, за да се избегнат потенцијални оштетувања на мозокот и подоцнежни последици. Првиот чекор е преглед од детски невролог, кој понатаму ќе упати кон неврохирург.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина