ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што предизвикува зголемени гасови во цревата кај дете?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Гасовите во цревата можат да настанат ако при јадење или пиење течности навлезе воздух во нив, како нормален нуспроизвод на бактериите во процесот на варење на храната, поради внесување на намирници кои содржат супстанции тешки за варење (грав, леќа, фруктоза и сорбитол кои се наоѓаат во овошјето, а се користат и како засладувачи). Млечните производи кои содржат лактоза можат да предизвикаат гасови поради зголемена чувствителност на лактоза. Зголемените гасови во цревата можат да укажуваат и на пробавни нарушувања како целијакија, пептички улкус, алергија на храна и слично. Советуваме да се обратите до педијатар за да се утврди точната причина за зголемените гасови и евентуално да се вклучи соодветна терапија. До тогаш избегнувајте тешка храна, млеко и млечни производи, а исхраната нека содржи повеќе свежо и варено зеленчук.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина