ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што може да предизвика треперење на мускулите низ целото тело?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Ваквите тегоби можат да бидат од невролошка или интернистичка природа. Треморот, односно треперењето, може да настане поради метаболички нарушувања, кардиолошки или пулмолошки заболувања, но и поради невролошки болести. Во ретки случаи, кога се исклучат органските причини, може да стане збор и за психолошка причина. Треба да се провери дневниот профил на гликемија, бидејќи падот на шеќерот во крвта предизвикува слични симптоми и може да биде прв знак на дијабетес. Исто така, болести на бубрезите и на црниот дроб можат да предизвикаат тремор. Потешките интернистички заболувања во влошување исто така можат да го предизвикаат овој симптом, а постојат и различни видови на невролошки, па сè до чисто психоген тремор. За точна дијагноза и терапија потребно е да се направи преглед кај невролог и интернист.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина