ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Што да се прави при повишена температура и дијареа?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
При дијареа можете да земете лек за врзивање на столицата (на пример на база на смектит), а за намалување на температурата - лек од групата антипиретици. Исто така, корисно е да се земе пробиотик за обновување на цревната флора. Најважно е да се внимава на исхраната и да се внесува доволно течност, пред сè вода, а може да се користат и орални рехидрациони средства кои освен вода надополнуваат и електролити што се губат при дијареа. Доколку симптомите потраат подолго или се појави влошување и болки во стомакот, потребно е да се јавите на лекар за преглед и дополнителни анализи.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина