ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Имам 21 години и пред некои 5 години ми се врати ноќната енуреза. Бев на нефролози не ме дијагнозираа ниту апчиња ми дадоа. Имав проблеми со ноќно мокрење како дете и после пиење на Минирин пред спиење, такви инциденти се случуваа па да речеме еднаш годишно. Ми треба помош фреквенцијата на мокрење ми е скоро секојдневно, дури и во вечери кога гледам да не пијам течности после 8. трајно решение и да дознаам ЗОШТО на овие години се соочувам со ваков здравствен проблем.

12 октомври 2026
Одговара: Д-р Марија Тошевска
Здраво Ева, разбирам дека ова ви создава грижа, особено дека се повторува секоја вечер. Ноќното мокрење може да има повеќе причини, битно е да направиме детална проценка. Дали може да ми одговориш на неколку прашања: - Дали имате дијагностицирано дијабетес инсипидус кога ви го препишале Минеринот? - На која возраст сте земале Минирин, во која доза и колку долго? - Дали тогаш помогнал? Дали правевте лабараторија додека земавте Минерин? - Кога точно се врати проблемот и дали зачестеноста постепено се зголемувала? - Дали преку ден мокрите почесто од порано или имате ненадеен нагон, испуштање урина? - Дали имате чувство дека мочниот меур не се испразнил целосно? - Колку и какви течности пиете во текот на денот? Кафе, чај, енергетски пијалаци или алкохол? - Дали сте постојано жедни или мокрите големи количества и преку ден? - Дали земате лекови или суплементи? - Какви испитувања ви направиле нефролозите и дали имате резултати од урина, крв или ехо?

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

← Назад кон областа: Општа медицина