ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Метрорагија кај жена во менопауза - што може да биде причина?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Секое продолжено крварење кај жени во овој период бара пред сè деталјна евалуација. Жена со такви симптоми треба да оди на гинеколошки преглед за да се утврди причината за метрорагијата. Тоа може да биде предизвикано од изостанок на овулација, продолжено дејство на естрогенот врз ендометриумот (односно продолжена нередовна дескквамација на ендометриумот), а понекогаш причина може да биде и хипер- или хипофункција на штитната жлезда. Советувам да се испита и можното присуство на миоми (бенигни тумори на матката), полипи, стрес и слично. Во постменопауза, крварењето може да укажува на посериозен проблем, па затоа секако е потребен преглед и мислење на гинеколог за да се утврди причината за продолженото крварење.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина