ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да си помогнам ако имам проблем со несоница?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
За да заспиете, потребно е претходно да се ослободите од стресот кој се насобрал тој ден. Размислете што ве мачи во последните дена од кога почнала несоницата – потсетете се што сте работеле, што сте чувствувале, какви потреби сте имали, дали постои некој нов внатрешен или меѓучовечки конфликт кој ве мачи... и обидете се за тоа да размислувате дење, мирно и полека. Размислете и за степенот на оптоварување со работа во овие дена – можеби и тоа е причина за проблемот. Навечер обидете се да се занимавате со релаксирачки активности и подготовка за спиење, почнувајќи од физичките услови: да биде проветрено, тивко, без бучава, телефон, телевизија, тешка и обилна храна и пијалаци, тутун... Длабокото и бавно дишење, со издишување подолго од вдишувањето, опушта и е прв чекор кон опуштање на психата и телото. Оставете ги дневните настани зад себе пред да легнете да спиете. Топла бања, смирувачки мисли и заспивање во опуштена состојба треба да бидат доволни. Ако не се доволни, можете да земете мелатонин пред спиење како природен препарат. Ако ви е потребна психолошка помош за решавање на некој проблем, побарајте ја.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина