ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се справам со грижа за болен член на семејството?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Пред вас е сложена задача – да ја прифатите вашата мајка целосно, односно да разберете дека таа е истата личност која некогаш била здрава, а сега поради болеста не може самостојно да ги извршува ни основните функции. Треба да ги прифатите сопствените чувства во врска со тоа, но и добро да се организирате околу нејзината нега, што воопшто не е лесно. Прво, обидете се да остварите право на надоместок за туѓа нега и помош, бидејќи грижата за таков пациент чини многу. Обидете се обврските околу неа да ги поделите со другите членови на семејството, а по можност да платите и лице кое ќе помага во негата. Важно е да се грижите и за себе, за да можете да се грижите и за мајката. Информирајте се кај лекар за фазата на болеста и прогнозата. Болеста е хронична и, за жал, напредува, што значи дека грижата треба да биде постојана. Не замерувајте несоодветно поведение – само покажете разбирање. Охрабрувајте ја да прави сама сè што може, но под надзор, и поттикнувајте ја да се движи. Понудете и три оброка, водете грижа за нејзината хигиена и движење, а посебно внимавајте да не биде изложена на опасности и да не остане без надзор. Лицата со деменција често талкаат и не знаат самостојно да се вратат дома, така што им е потребен придружник при шетање. Во подоцнежните фази од болеста обично стануваат неподвижни, чувствителни се на инфекции и на реакциите на домашните. Емоционално се многу ранливи и им е потребно внимание, мир и сигурност во нивната немоќ. Затоа негата е многу тешка и исцрпувачка. Побарајте помош за да можете да ја зачувате сопствената сила и истовремено да обезбедите потребна нега. И покрај сите ограничувања, бидете уверени дека мајката ви е многу благодарна, дури и ако не може да го изрази тоа. Не сте сами – постојат и здруженија посветени на грижа за лица со деменција, а секако е потребен и постојан лекарски надзор.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина