ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да престанам да пушам?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
За одвикнување од пушењето може да се користат никотински фластери и никотински гуми за џвакање. Видот на фластер (со поголема или помала јачина) се одредува според навиките на пушење на пациентот. Фластерот се лепи еднаш дневно на дел од раката без влакна, а се вадат навечер пред спиење; треба да се користи најмалку три недели. Кога се јави желба за цигара, дополнително може да се користи никотинска гума за џвакање, која се џвака кратко, а потоа се држи меѓу образот и непцето, најдолго до половина час. Постои и лек од групата на антидепресиви кој помага при одвикнување од пушењето, но неговото користење треба да се разговара со лекар.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Општа медицина